Fuat Kabakçı
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Светската конференција за роботика 2017 организирана во главниот град на Кина, Пекинг, предизвика големо внимание на љубителите на оваа научна област, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата е организирана во Меѓународниот конгресен центар во Пекинг, каде што се изложени и најновите достигнувања од областа на роботиката.

На една од најголемите светски изложби на роботика изложени се роботи кои можат да се користат во производството, услужните дејности, индустријата, здравството, како и роботи со вештачка интелигенција.
Големо внимание на посетителите привлекоа и роботите за гасење на пожар, роботите-градинари, келнери, чистачи, роботите за деактивирање и уништување на експлозивни направи, но исто така и роботи чувствителни на околината.
Конференцијата за роботика во Пекинг ќе трае уште утре.