Saadet Gökce
08 Август 2025•Ажурирај: 10 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес ја отвори првата продавница во светот за хуманоидни и интелигентни роботи, „Robot Mall“, на денот на отворањето на 10-тата Светска конференција за роботи во Пекинг, пренесува Анадолу.
Лоцирана во индустрискиот парк за роботика во Јижуанг, продавницата изложува повеќе од 50 роботи во седум клучни категории - медицински, индустриски, бионички и хуманоидни, објави државниот весник „Глобал тајмс“.
Продавницата на четири нивоа го следи моделот „4S“ - продажба, резервни делови, сервис, истражувања, нудејќи поддршка во целиот циклус од избор до одржување и повратни информации по продажбата.
Помеѓу претставените роботи се танцувачки роботски кучиња, хуманоидни роботи за традиционална кинеска медицина и роботи кои можат да превртуваат палачинки, да варат кафе, да шутираат кошаркарски топки, да сликаат или да совладуваат патеки со пречки. Постои дури и реплика на Алберт Ајнштајн.
Отворањето на продавницата се совпаѓа со Светската конференција за роботика 2025, што се одржува од 8 до 12 август, на која ќе бидат претставени над 1.500 производи и 100 од над 200 домашни и странски компании.