Murat Karadağ
09 Август 2023•Ажурирај: 10 Август 2023
АНКАРА (АА) - Центарот за предвидување на времето во вселената (SWPC) при Националната управа за океани и атмосфера на САД (NOAA) соопшти дека две силни експлозии што се случиле на површината на Сонцето и што биле регистрирани од НАСА, предизвикале геомагнетна бура, пренесува Анадолу.
Според соопштението на НАСА, соларните експлозии, од кои едната била регистрирана за време на викендот, додека втората била регистрирана во понеделникот, се опишани како експлозии од типот „X“ што се наоѓаат во категоријата „најсилно ниво“.
Центарот за предвидување на времето во вселената (SWPC) соопшти дека експлозиите предизвикале исфрлување на две големи маси од Сонцето, и дека предизвикале геомагнетна бура чиј ефект бил почувствуван на Земјата.
Во соопштението на Националната управа за океани и атмосфера на САД (NOAA) се нагласува дека ефектот на геомагнетната бура вчера пристигнал на Земјата, и дека оваа бура можно е негативно да влијаела врз комуникацијата во некои зони во Северна Америка.
Според НАСА, експлозиите што се случуваат на површината на Сонцето создаваат силни енергетски бранови кои претставуваат ризик не само за радиофреквенциите, електричните мрежи и навигациските сигнали, туку и за вселенските летала и астронаутите.