Zeynep Tüfekçi
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
КАИРО (АА) - Во Египет откриени се два графита кои датираат од периодот на Средното египетско царство, меѓу 2000 и 1000 година пред нашата ера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за антиквитети на Египет се наведува дека заедничкиот археолошки тим на Египет и Шпанија открил два графита во градот Луксор кои датираат од периодот на Средното египетско царство од периодот на династијата на фараоните.
Според соопштението, графитите кои датираат од периодот меѓу 2123 и 1778 година п.н.е., се откриени во планинското подрачје на овој град.
Исто така се истакнува дека во иднина ќе се забрзаат активностите за откривање нови графити во овој регион.