Ali Murat Alhas
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Индија е подготвена за првото слетување на Месечината, што треба да се случи кон крајот на оваа недела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Беспилотната вселенска мисија „Чандрајан-2“ влезе во последната фаза од процесот на слетување на Месечината.
Возилото што ќе се спушти на јужната поларна страна на Месечината, каде што досега нема стигнато ниту една земја, се одвои од орбитерот. Научниците тврдат дека е можно постоење на вода во овој дел на Месечината.
„Лендерот „Викрам“ успешно се одвои од орбитерот на „Чандрајан-2“ денес... сите системи на Чандрајан-2 се во ред“, соопшти денес Индиската агенција за вселенски истражувања.
Мисијата се состои од три дела, орбитно вселенско возило, лендер и ровер наречен „Прагјан“.
Во текот на наредните пет дена, лендерот постепено ќе се движи кон површината на Месечината и ќе се обиде да направи меко слетување. Во следната фаза научниците ќе го активираат роверот, кој е дизајниран за идентификување на хемискиот состав на површината на Месечината.
Доколку успее, Индија ќе се придружи на скалилото заедно со САД, Кина и Русија на полето на вселенската технологија.
Индија планира до 2022 година во вселената да испрати свое вселенско летало со човечки екипаж.