Dejan Maksimoviç
03 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
МОГАДИШУ (АА) - Експлозијата и пожарот кои направија голема дупка во задниот дел од патничкиот авион, го принудија пилотот на принудно слетување на меѓународниот аеродром во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пилотот на авионот, за кој српските медиуми тврдат дека е нивен државјанин Владимир Водопивец, успеа успешно да го приземји леталото.
"Две лица се полесно повредени, а 74 патници и членови на екипажот успешно евакуирани по слетувањето во Могадишу", изјави официјалниот претставник од Сомалија, Али Moхамуд.
Според извештајот на Агенцијата, пилотот по слетувањето изјавил дека веројатно во авионот експлодирала бомба. Неименуван воздухопловен експерт рече дека дупката која била создадена во авионот, изгледала како да е создадена од експлозивна направа.