Saadet Firdevs Aparı
12 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
ОСЛО/АНКАРА (АА) - Според истражувањата на норвешките научници, повеќе од половина од луѓето во светот имаат проблеми со главоболка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува весникот „Индепендент“, научниците дошле до заклучок дека 52 отсто од светската популација секоја година страдаат од главоболка, додека 14 отсто страдаат од мигрена.
Во истражувањето објавено во научното списание „Весник за главоболка и болка“ (The Journal of Headache and Pain), истражувачите од Норвешкиот универзитет за наука и технологија анализираа 357 истражувања објавени помеѓу 1961 и 2020 година за да го испитаат прашањето за глобалната преваленција на главоболката.
Заклучија дека 26 отсто од пријавените случаи се однесувале на тензични главоболки, а 4,6 отсто имале главоболка 15 или повеќе дена во месецот.
Резултатите од истражувањето покажаа дека 52 отсто од светската популација секоја година страда од главоболка, а 14 отсто од мигрена.
Истражувачите утврдија дека 15,8 отсто од светската популација секојдневно страда од главоболка, а 7 отсто од мигрена.
Според ова истражување, главоболката е почеста кај жените отколку кај мажите.