Emre Gürkan Abay
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
МОСКВА (AA) – ЕМРЕ ГУРКАН АБАЈ - Помина цел век од Октомвриската револуција во Русија, која ја покренаа бољшевиците на чело со Владимир Ленин и со која е завршена ерата на Руското Царство, формиран е Сојуз на социјалистички советски републики (СССР) и сменета е судбината на целиот свет, пишува Anadolu Agency (AA).
Октомвриската револуција, која се смета за еден од најважните настани во модерната историја, започна на 23 февруари 1917. година, со излегување на улиците на рускиот народ, кој тогаш беше исцрпен од Првата светска војна. Центарот на протестите беше Петроград, денешен Ст. Петерсбург, кој повеќе од 200 години беше главен град на Руското Царство.

За само неколку дена на улиците на Петроград излегоа десетици илјади руски граѓани, не сакајќи повеќе да бидат гладни. Цар Никола II одлучи да употреби воена сила за да го запре бунтот на населението. Во судирите со војската загинаа околу 40 демонстранти, што предизвика немир во рамките на војската и доведе до неизвршување на наредбите кај руските војници.
- Враќање на Ленин во Петроград по Февруарската револуција
Како што поминувало времето се повеќе припадници на војската застанаа до демонстрантите, после што Никола II донесе одлука да се повлече од престолот, а тоа го направи на 2. март 1917. година. Власта тогаш ја презеде многу кревка и привремена влада на чело со Александар Керенски.
Сите овие случувања беа дел од Февруарската револуција, после која во многу краток период ќе се појават главните актери на Октомвриската револуција.
Владимир Ленин, по речиси 10 години престојвуање во Западна Европа, на 3 април 1917. година се врати во Петроград. По доаѓањето веднаш ги собра бојшевиците, кои прогласија дека не ја признаваат владата на чело со Керенски.
Со слоганите „Мир, леб, земја", како и оние кои беа соодветни со потребите на населението, бољшевиците за кратко време добија голема поддршка од народот, која константно се зголемуваше. Тоа беше и почеток на процесот на Октомвриската револуција во кој бољшевиците ја презедоа власта.
Бољшевиците, кои за кратко време стекнаа и значителна воена моќ, во ноќта од шести кон седми ноември, тргнаа под водство на Лав Давидовиќ Троцки, кој исто така е една од важните фигури на Октомвриската револуција.
Потребно е да се нагласи дека револуцијата започната на шести ноември се нарекува Октомвриска, поради фактот што Русите во тоа време го користеле јулијанскиот календар, а датумот бил 23. октомври 1917. година по овој календар. Тоа всушност беше 5. ноември по грегоријанскиот календар.
- Глад, беда и силна индустрија
Бољшевиците многу брзо ја преземаа контролата на зградите на Владата во Петроград и ги онеспособија силите на Керенски кои се обидоа да пружат отпор. Бољшевиците така ја презедоа власта.
Новата Ленинова владата тогаш водеше крвави судири со противниците на бољшевиците, а откако остварија победа, 1922. година е формиран Советскиот сојуз, чиј век беше околу 70 години.
Советскиот сојуз беше почетна точка за бројни национални борби за слобода во сите делови на светот. Русија во овој период бележи голем развој на индустријата, но и голема беда и милиони изгубени животи од глад.
Ленин неколку месеци по Октомвриската револуција предупреди на недостаток на дисциплина во руската работничка класа, после што бољшевичкото управување со земјата беше уште поавторитарно.
Советскиот сојуз по летото 1918. година, поради економската криза и воената состојба, стана земја со поинтензивни случаи на насилство и угнетување.
Според анкетите кои денеска ги спроведуваат Русите, околу половина од жителите на оваа земја жалат поради распад на Советската држава. Претседателот на оваа земја Владимир Путин изјави дека денешните поделби меѓу руското население во врска со изминатиот период се смртоносни, како и дека е потребно да градат силна држава.