Fuat Kabakcı
25 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ПЕКИНГ (АА) – Кина во вселената го лансираше сателитот Hayyang-2B (HY-2B) за набљудување на океаните, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, сателитот Hayyang-2B, развиен од страна на кинеската компанија за воздухопловство, наука и технологија, со ракетата Long March-4B, во орбитата е лансиран од Сателитскиот центар „Тајуен“, во покраината Шенси.
Се наведува дека лансирањето претставува 288. вселенска мисија на ракетното семејство „Долго марширање“. Сателитот има можност да работи под сите временски услови и преку цел ден.
Сателитот ќе се користи за мерење на температурата на површината на океанот во реално време, брзината на ветрот на површината, а исто така ќе биде набљудуван и дождот што врне во океанот, состојбата на испарување, еколошката состојба и изворите.
По лансирањето на HY-2B, планирано е да се лансираат и сателитите HY-2C и HY-2D, а со тоа да се формира мрежа на сателити за набљудување на океанот. Работниот век на сателитот е 5 години.
Кина, сателититот HY-1A за набљудување на океани и мориња го лансираше во мај 2002 година, HY-1B во април 2007 година, додека минатиот месец го лансираше сателитот HY-1C.