Alperen Aktaş
20 Јуни 2023•Ажурирај: 22 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина успешно ја лансираше ракетата носач „Лонг марч-6“, носејќи експериментален сателит во предвидената орбита, пренесува Анадолу.
Ракетата, која носи нов експериментален сателит, познат како „Шијан-25“, беше лансирана од Центарот за лансирање сателити „Таијуан“, во северната провинција Шанси во 11:18 часот, објави кинеската телевизија CGTN.
Главната цел на „Шијан-25“ е да спроведе експерименти фокусирани на новите технологии за набљудување на Земјата.
Овие експерименти конкретно ќе опфатат области како што се истражувања на земјишните ресурси, урбанистичко планирање и превенција и ублажување на катастрофи.
Неодамнешната лансирана мисија беше 25-то кинеско лансирање ракета во оваа година.
Лансирањето, исто така, го одбележа 477-от лет на семејството на ракети „Лонг марч“ и 11-та мисија која конкретно го вклучува моделот „Лонг марч-6“.