Fuat Kabakcı
05 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кина го лансираше сателитот „Gaofın-10“, кој ќе врши набљудувања со висока резолуција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, сателитот „Gaofın“ бил лансиран од Центарот за лансирање на сателити „Тајуен“, кој се наоѓа во кинеската покраина Шенси.
Сателитот кој беше лансиран со ракетата „Long March-4C“, ќе сними фотографија со висока резолуција и ќе се врати на Земјата.
Овој сателит ќе се користи за набљудување на Земјата, за урбанистичко планирање, во спасувачките активности за време на природни катастрофи и во други насоки.
Сателитот, заедно со ракетата со која беше лансиран, бил развиен од страна на Технолошката академија за вселена и лет во Шангај при кинеската компанија за аеронаутика и технологија.
Инаку, проектот за сателитот „Gaofın“ започна во 2010 година.