наука и технологија

Кина лансираше нова група сателити за технолошки тестови во ниската орбита

Сателитската група Јаоган-43 03 беше лансирана од Центарот за лансирање на сателити „Ксичанг“ во провинцијата Сечуан и успешно влезе во својата претходно поставена орбита

Islam Uddin  | 23.10.2024 - Обновена : 24.10.2024
Кина лансираше нова група сателити за технолошки тестови во ниската орбита

АНКАРА (АА) - Кина денес успешно лансираше нова група сателити, јавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Сателитската група Јаоган-43 03 беше лансирана од Центарот за лансирање на сателити „Ксичанг“ во провинцијата Сечуан и успешно влезе во својата претходно поставена орбита, објави „Синхуа њуз“.

Овие сателити првенствено ќе се користат за тестирање на нови технологии за консталации во ниската орбита, унапредувајќи ги кинеските способности во вселенската технологија.

Оваа мисија го означува 542-то успешно лансирање на кинеската серија ракети Лонг Марч, кои ги носат сателитите во орбитата.

Минатата недела Кина лансираше уште една сателитска група, продолжувајќи го брзото темпо на вселенски мисии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın