Riyaz Khaliq
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Кина денеска ја лансираше својата прва мисија на Марс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Мисијата, наречена Тианвен-1, беше лансирана од вселенскиот центар Венчанг во јужната кинеска покраина Хаџнан и тоа на ракетата Долг Марс-5“, објави кинеската државна новинска агенција „Синхуа“.
Управата за вселенски истражувања соопшти дека вселенското летало по 2.000 секунди, успешно влегло во планирана трансфер-рута Земја-Марс. Мисијата Тианвен-1 на „црвената планета“ би требало да стигне по седум месеци.
Тоа е прва кинеска мисија и прва истражувачка мисија на Марс која истовремено вклучува праќање на летала и ровери кои би требало да вршат истражување на самото тло на Марс.