Dildar Baykan
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ШАНГАЈ (AA) - Кинеските научници открија нова формула за производтсво на хартија отпорна на оган и течност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Чајна морнинг пост“ објави дека научниците од Институтот за керамика во Шангај произвеле хартија отпорна на течност и на пламен.
Научниците во структурата од хартијата додале посебен вид калциум, изолиран од животинска коска и од забна глеѓ, и тој елемент го нарекле „хидроксиапатит“.
Новиот вид хартија е отпорна на оган и до температура од 200 Целзиусови степени, како и на контакт со различни видови течности како вода, кафе, сок и слично.
Водачот на истражувачкиот тим Јинг-Жи Жу вели дека и порано постоела хартија отпорна или на течност или на оган, но новата кинеска хартија е првата отпорна на давата фактора.
Тој вели дека новата хартија е погодна за широка примена бидејќи текстот долготрајно ќе биде заштитен на површина што едноставно може да се чисти со вода.
„Овој вид хартија е особено погодна за значајни документи што лесно ќе се чуваат со векови, без да има потреба од специјално опремени архивски простории. Овој изум ќе ѝ стави крај на ерата во која поплавите и пожарите уништуваа значајни историски документи“, вели Жу.
Научниците на проектот работеле од 2008 година, а хартијата ќе се најде на пазарот во следните три месеци. Почетна цена ќе биде малку поскапа од цената на обичната хартија во формат A4, но масовното производство со време ќе ја намали цената.