Fuat Kabakçı
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ПЕКИНГ (АА) – Кинеските туристички компании ги замрзнаа резервациите за соседна Северна Кореја, поради тековните тензии со САД и загриженоста за безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалното гласило на Кинеската комунистичка партија (ККП), „Global Times“ (Глобал тајмс), голем број кинески туристички агенции на своите веб-сајтови ги замрзнаа резервациите за Северна Кореја.
Се дознава дека тензиите што се случуваат на Корејскиот Полуостров влијааат негативно на многу компании, вклучувајќи ја и најголемата туристичка компанија „Ctrip“ (Ктрип), и поради ова се намалени турите кон Северна Кореја.
„Air China“ (Ер Кина) ги суспендира летовите кон главниот град на Северна Кореја започнувајќи од 17. април. Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека причината за привременото замрзнување на летовите е поради намалувањето на бараноста за патување.