Dilara Hamit
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати лица во Кина како последица на епидемијата на коронавирусот се искачи на 132 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Кина се пријавени 5.974 потврдени случаи на пневмонија предизвикана од коронавирусот, познат како 2019-nCoV. Автономниот регион на Тибет, исто така, објави еден сомнителен случај.
Објавено е дека се сомнева оти 9.239 лица се заразени со вирусот.
Вирусот, кој за прв пат се појави во кинескиот град Вухан, се рашири низ 30 покраини низ земјата.
Десетици случаи се исто така пријавени и во Јапонија, Северна Кореја, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција, Малезија, Австралија и Виетнам.
Кинеските власти минатата недела ги објавија плановите за продолжување на лунарната Нова година, што првично требаше да заврши на 30 јануари, во обид да се намалат масовните собири и да се спречи понатамошното ширење на болеста.
Лицата што патуваат од Кина се прегледуваат на аеродромите низ светот со скрининг-метода, а многу авиокомпании ги суспендираа летовите до Вухан, местото од каде што за прв пат се појави вирусот.