Кинеските научници развија нов метод со вештачка интелигенција за предвидување на интензитетот на циклоните
Интензивното засилување на тропскиот циклон долго време остана еден од најпредизвикувачките временски феномени за прогнозирање поради неговата непредвидлива и деструктивна природа

КАРАЧИ (АА) - Кинеските научници развија нов метод со вештачка интелигенција за да предвидат драматично зголемување на интензитетот на тропските циклони за краток период, пренесува Анадолу.
Развиен од истражувачи од Институтот за океанологија при Кинеската академија на науките, најновиот метод фрла ново светло на подобрувањето на глобалната подготвеност за катастрофи, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Интензивното засилување на тропскиот циклон долго време остана еден од најпредизвикувачките временски феномени за прогнозирање поради неговата непредвидлива и деструктивна природа.
Осврнувајќи се на ова прашање, новиот модел со вештачка интелигенција комбинира сателитски, атмосферски и океански податоци.
Новиот метод постигна точност од 92,3 % и ги намали лажните аларми на 8,9 % при неговото тестирање на податоци од периодите на тропски циклони во северозападниот дел на Пацификот во периодот меѓу 2020 и 2021 година.
Тој ја подобри прецизноста за околу 12 % во споредба со постоечките техники и се пофали со трикратно намалување на лажните аларми, што претставува значителен напредок во предвидувањето.
„Оваа студија се осврнува на предизвиците на малата прецизност и високите стапки на лажни тревоги при прогнозирањето брзо интензивирање (на циклоните)“, истакна Ли Сијаофенг, авторот на студијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.