Muhammet Emin Horuz
25 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Според информацијата објавена на „Би-би-си“ (BBC), со системот развиен од страна на „Самсунг“ (Samsung) во Центарот за вештачка интелигенција во Москва се овозможува раздвижување на усните, очите и изразите на лицето на Мона Лиза, откако уметничкото дело ќе биде поставено во системот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за вештачка интелигенција разви технологија со која од една фотографија или од една слика на лице, може да создаде видео, во кое ликот од фотографијата или уметничкото дело во голем процент изгледа како вистински, зборува, се смее и има изрази на лицето.
Со оваа технологија наречена „Deepfake AI“ и претходно можеше да се развие видео, но за да се подготви видеото потребни беа повеќе фотографии од различни агли на лицето.
Системот развиен од страна на „Самсунг“ носи новитети од аспект на тоа што од една фотографија може да создаде видео на кое ликот на фотографијата изгледа како да е вистински, а тоа пак покажува да каде стигна технологијата во оваа област.
Системот може да го користи лицето како извор од која било фотографија. Системот, земајќи ги изразите од лицето, како што се зборување и насмевка, ги пренесува во видеото.
Истражувачите, покрај делото на Мона Лиза, и фотографиите на познатите имиња како што се Мерилин Монро, Алберт Ајнштајн и Фјодор Достоевски ги претворија во видео и ги објавија на „Јутјуб“ (YouTube).