Murat Temizer
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АНКАРА (АА) - „Гугл“ (Google) ќе инвестира околу 600 милиони евра за изградба на нов центар за податоци во Финска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Финската новинска агенција ЈЛЕ (YLE) јави дека новиот центар за податоци ќе биде лоциран во Хамина, на околу 145 километри источно од главниот град на Финска, Хелсинки, со население од нешто над 20.000 жители.
Новиот центар за податоци следува по првиот таков центар на „Гугл“ во Хамина, изграден во 2011 година, со што вкупните инвестиции на компанијата во регионот изнесуваат 1,4 милијарда евра.
Јари Густафсон, постојан секретар во Министерството за економски прашања и вработување, истакна дека значајната инвестиција за центарот на податоци на „Гугл“ е добра вест и укажува на стабилна и конкурентна средина, која паралелно ја зајакнува дигиталната инфраструктура на Финска.