Sena Güler
23 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
ИЗМИР (АА) - Стотици млади иноватори од целиот свет се собраа во турскиот град покрај Егејот, Измир, по повод натпреварот за роботика од светски рамки, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот натпревар „The First Lego League (FLL)“ во Турција започна денеска.
Околу 82 тима од 40 земји, кои се рангираа на натпреварите на национално ниво во нивните матични земји, ќе се натпреваруваат во финалето со своите дизајнирани роботи.

Турција е една од земјите домаќини - заедно со САД, Австралија, Либан и Уругвај - за натпреварот на кој се пријавија над 320.000 учесници од целиот свет.
Младите иноватори дизајнираа вселенски роботи во согласност со овогодишната тема „Во вселената“ (Into Orbıt).
За време на настанот, кој ќе трае до 25 мај, ќе бидат организирани забави, патувања и разни активности.
„Децата спроведуваат истражувања за одредени теми заедно со нивниот тим. Тие учат да планираат, да програмираат и да тестираат роботи“, рече на отворањето на настанот, Суат Чаглајан, заменик-градоначалник на општина Измир.
Приклучувајќи се на церемонијата на отворање преку видеоврска, турскиот астрофизичар во НАСА, Умут Јилдиз, истакна дека предизвикува големо задоволство тоа што децата генерираат решенија во полето на вселената, каде што има многу проблеми.
„Сметам дека сите ќе успеат. Ваквиот вид натпревари се многу корисни за вас“, им порача Јилдиз на учесниците.
Претседателката на Здружението на херои во науката, Сидика Семахат Демир, исто така, рече дека претставува огромно задоволство да биде домаќин на ваков натпревар и за тоа што учениците од целиот свет ќе ги споделуваат своите искуства.