Burak Bir
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
ЛОНДОН (АА) - Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов денес заедно ја добија Нобеловата награда за хемија за 2023 година „за откривање и синтеза на квантни точки“, јавува Анадолу.
„Нобеловата награда за хемија за 2023 година го наградува откритието и развојот на квантните точки, наночестички толку мали што нивната големина ги одредува нивните својства“, наведе Кралската шведска академија на науките.
„Овие најмали компоненти на нанотехнологијата сега ја шират својата светлина од телевизорите и ЛЕД-светилките, а исто така може да ги водат хирурзите кога отстрануваат туморско ткиво, меѓу многуте други работи“, се додава од Академијата.