Hakan Çopur
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Канцеларијата за демографија и миграции при Министерството за надворешни работи на САД отворено ја поддржа кандидатурата на југоисточниот турски град Килис за овогодинешното доделување на Нобеловата награда за мир, поради солидарноста и помошта која управата и населението на градот им ја пружа на бегалците од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на својот службен профил на социјалната мрежа Твитер објави текст на Ричард Хал под наслов „Турскиот град е подготвен да биде кандидат за Нобелова награда за мир поради огромната добрина кон сириските бегалци”.
Истиот текст првин е објавен на порталот на американското Меѓународно радио.
Укажувајќи на фактот што Килис вдоми 120.000 бегалци, посебно што веќе одамна е надмината бројноста на домашната популација, Хал тврди дека е логичен следот на случувања тој град да се номинира за Нобелова награда за мир.
Заменикот претседател на турската владеачка Партија за правда и развој (AK Parti), Ајхан Сефер, неодамна испрати писмо до Комитетот за Нобелова награда и ја предложи кандидатурата на Килис.
Потсетувајќи дека грчкиот остров Лесбос неколку недели претходно е номиниран за кандидатура за Нобелова награда поради помошта на сириските бегалци, Хал кажа дека Килис во тој контекст придонел неспоредливо повеќе.