Emre Aytekin
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Астрономите го откриле постоењето на 95 нови планети надвор од Сончевиот систем во галаксијата Млечен Пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот истражувачки тим на американската воздухопловна агенција НАСА, кој ги користи податоците на вселенскиот телескоп Кеплер, во новата фаза на истражувачката мисија наречена „Телескоп К2“ ги истражи 275-те новооткриени небесни тела. Во истражувањето беше утврдено дека 149 од нив се всушност планети, од кои, за прв пат се откриени 95 планети.
Во студијата предводена од американскиот Ендрју Мејо, докторски истражувач во Националниот институт за вселена на Данскиот технички универзитет, по разгледувањето на оптичките слики изработени од различни агли од страна на овој телескопот од 2014 година досега, истражувачите добија можност да го потврдат постоењето на планетите, споредувајќи ги сенките кои овие планети кандидати ги остават при своите ротации околу ѕвездите, со снимките на самите планети.
- Најсветла ѕвезда во планетарна орбита -
Во овој процес, истражувачите ја откриле и најсјајната ѕвезда која претставува планета која се движи во својата орбита надвор од Сончевиот систем. Планетата постојано се движи околу ѕвездата наречена „HD 212657“. Периодот на ротација околу оваа ѕвезда изнесува 10 дена според времето на Земјата.
Со новите откритија, бројот на нови планети што ги потврди мисијата К2 достигна 300.
Наодите од истражувањето се објавени во „Astronomical Journal“.
Вселенскиот телескоп Кеплер, кој беше лансиран во 2009 година за истражување на планетите надвор од галаксијата Млечен Пат, ја загуби својата способност да се движи во вселената, по механичкиот проблем до кој дојде во 2013 година. Инженерите од НАСА, со далечинското управување кое го воспоставија, периодично го менуваат полето на гледање на телескопот и повторна го вратија во употреба.
Истражувањето на другите планети претставува ново поле во науката. Во 1995 година, надвор од Сончевиот систем беше откриена првата планета што се движела околу орбитата на ѕвезда слична на Сонцето. Од тој ден до денеска, различни телескопи открија траги од скоро 3.600 планети. Меѓу нив се и планети со тврди формации, слични на Земјата, како и гасни гиганти, налик на Јупитер.
Научниците покажуваат интерес за планетите заради откривање траги за можен живот надвор од Земјата.