Göksel Yıldırım
28 Октомври 2022•Ажурирај: 31 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ -
Во турската метропола Истанбул во тек е Саемот за одбранбена и воздухопловна индустрија САХА ЕКСПО, на кој за првпат е претставена муницијата од семејството „Каји“. Овој систем може да се користи во различни летала на турската одбранбена индустрија, со или без екипаж, пишува Агенција Анадолија (АА)
Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија на Туркије, ТУБИТАК (SAGE), за првпат го претстави системот „Каји“, турски производ кој може да се користи во широк спектар на авиоплатформи со или без екипаж, со свои карактеристики и асортиман на производи во класата на муниција со слободен пад.

Муницијата „Каји“ може да се користи со противпешадиски, оклопно/пробивни или аеросолни боеви глави.
Системот за оружје, задно со модуларните мултиреил системи, специјално дизајниран за семејството муниција, има можност за брза и флексибилна интеграција во различни платформи.
Ѓурџан Окумуш, директорот на Институтот ТУБИТАК (SAGE), за АА изјави дека САХА ЕКСПО зад себе има успешен пат и станува бренд.
На прашањето за семејството на наведувана муниција „Каји“, која за првпат е промовирана на саемот, Окумуш потсети дека Туркије има направено сериозен чекор ма полето на беспилотните летала.
„Почнавме да продаваме голем број беспилотни летала во светот, што е многу важно. Затоа, каде и да заминат нашите беспилотни летала, важен е и пазарот на муниција. Сметаме дека „Каји“ ја пополнува празнината со своите карактеристики на средна категорија. Има различни верзии, од 30 и 50 килограми“, појасни Окумуш.

Саемот кој се одржува во Експоцентарот во Истанбул, собира бројни компании од Туркије и други држави од областа на одбранбената, воздухопловната и вселенската индустрија.
Ова е настан на кој се презентираат најновите системи и производи на компании од одбранбениот и воздухопловниот сектор, вклучувајќи и беспилотни летала, хеликоптери, авиони, оклопни возила, оружје, ракети, муниција, воени бродови, тенкови, комуникациски уреди, опрема за сајбербезбедност, како и развој на софтвер и хардвер.
На САХА ЕКСПО учествуваат бројни одбранбени компании, вклучувајќи ги и турските одбранбени гиганти „Аселсан“, „Хавелсан“, „Бајкар“, домашниот произведувач на мотори „Ерин мотор“, фирмата за хидраулични машини „Хидроан“, произведувачот на антени „Нета“, снабдувачот на батерии „Бириким“ и изработувачот на софтвер „Битес“.
Посетителите имаат можност да видат бројни нови производи во областа на одбраната и авијацијата, вклучувајќи го и турското беспилотно летало „Дели камиказе УАВ“.
САХА ЕКСПО го посетија и највисоки претставници на владите и армиите на десетина земји и странски посетители од 57 држави, вклучувајќи премиери, воени команданти, заменици-министри и советници.
САХА ЕКСПО е еден од најзначајните саеми за одбранбената, воздухопловната и вселенската индустрија во светот, а АА оваа година е глобален комуникациски партнер на овој настан.