Nuri Aydın
02 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) - Научниците за првпат открија протеин во метеорит, за кој велат дека не потекнува од Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на интернет-страницата „Newatlas“, научниците од Универзитетот „Харвард“ во метеорит откриле претходно непознат протеин.
Се вели дека овој протеин кој истражувачите го нарекоа хемолитин, содржи железо и литиум.
Истражувачите нагласија дека хемолитинот откриен во метеоритот „Acfer 086“, во 1990 година во Алжир, во голема мера се состои од глицин, и е покриен со железо, литиум и кислород.
Исто така, научниците велат дека хемолитинот може да игра важна улога во постоењето живот на кое било место во универзумот, и дека ова откритие може да претставува знак за тоа дека е можно да има живот надвор од Земјата.