Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Мјанмар се откриени бубашваби стари 99 милиони години, кои останале неуништени во внатрешноста на килибар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „New Scientist“, деталите за ова откритие реализирано со учество на повеќе институти од Словачка, Кина, Русија и Тајланд се објавени во списанието „Gondwana Research“.
Овие две бубашваби, кои датираат од периодот на диносаурусите, се најстари примери на трогломорфични организми кои се приспособуваат на темните и чудните атмосфери на пештерите.
Експертите нагласија дека во пештерите ретко се откриваат толку отворени фосили од пред кенозоичкиот период.