Sevgi Ceren Gökkoyun
07 Јануари 2026•Ажурирај: 08 Јануари 2026
ЛАС ВЕГАС (AA) – Во Лас Вегас, Соединетите Американски Држави (САД), синоќа започна CES 2026, најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, кој во наредните четири дена ќе ги претстави најновите технолошки достигнувања на светските компании и иновативните стартапи, јавува Анадолу.
CES 2026, како еден од најзначајните технолошки саеми во светот, собра илјадници посетители, меѓу кои владини претставници, извршни директори од индустријата, инвеститори и претставници на меѓународните медиуми, кои ќе имаат можност одблизу да се запознаат со технологиите од следната генерација.
Саемот ќе прикаже иновативни производи и решенија во области како што се вештачката интелигенција, роботиката, модата, дигиталното здравство, мобилноста, енергијата, пристапноста, како и многу други сектори, отворајќи простор за нови глобални соработки.
Од хуманоидни роботи и носливи уреди, преку технологии за автономно управување, до паметни апарати за домот, посетителите ќе можат да видат бројни иновации што се очекува да ја обликуваат иднината на технологијата.