Hakan Çopur
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Џо Ломбардо, шерифот на Лас Вегас, изјави дека во вооружениот напад во Лас Вегас загинале 58 лица, додека 515 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ломбардо им изјави на новинарите дека во тек е истрагата во врска со бруталниот напад.
Од Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) наведоа дека напаѓачот не е поврзан со терористичката организација ДЕАШ.
Од бирото додадоа дека досегашната истрага покажала оти напаѓачот не е поврзан со која било меѓународна терористичка организација.
Од ФБИ уште нагласија дека истрагата во врска со овој случај ќе биде, како што рекоа, многу темелна и опсежна.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, по вооружениот напад во Лас Вегас, во којшто загинаа 58 лица, изјави дека Американците се во голема тага и шок.
Нагласи дека сите Американци се молат за семејствата на жртвите и ја делат нивната тага.
Потсетуваме, вооружениот напаѓач Стефан Падок (64) од Невада пукаше во толпата на фестивалот на кантри музика кај хотелот и казино „Менделеј Беј“, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас и спроти меѓународниот аеродром „Меккаран“. Полицијата трага по жена по име Марилу Данли, за која се претпоставува дека има азиски корени.