Dildar Baykan
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - Полицијата на Лас Вегас соопшти дека во оружениот напад во тој град загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 200 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружен напаѓач пукаше во присутните на фестивал на кантри музика во хотелот и казиното „Менделеј Беј“, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас и во близина на меѓународниот аеродром „McCarran“ (Меккаран).
Претходно, шерифот на полицијата во Лас Вегас, Џозеф Ломбардо, изјави дека постои можност меѓу смртно настраданите во пукотниците да има и полицајци. Според неговите зборови, напаѓачот, кој е неутрализиран, бил локален жител и дејствувал сам, а полицијата трага по Мeрил Данли, пријателка на напаѓачот, за која се верува дека по потекло е од Азија.