Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Објавени се нови фотографии од Јупитер изработени од вселенското летало „Јуно“ (Јунона) на НАСА, јавува Anadolu Agency (AA).
Новите фотографии даваат сосема нов увид за циклоните на планетата. Имено, најновите фотографи изработени од „JunoCam“ покажуваат циклони и бури.
Д-р Кендис Хансен од Научниот институт во Аризона, раководител со проектот „JunoCam“, ги претстави новите необработени фотографии на состанокот на Американската геофизичка унија.
„Знаевме дека гледаме подрачје од Јупитер кое никогаш претходно не било видено. Неочекувано беше да се видат полигоните на дивовските урагани и циклони“, појасни Хансен.
Се очекува дека „Јуно“, кој ја заврши својата тура во Јупитеровата орбита за 53 дена, ќе даде решение за загатката како е формирана најголемата планета во Сончевиот Систем.