Onur Usta
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Во главниот град на Франција започна Меѓународниот саем за видео игри „Париз Гејмсвик” кој собра илјадници љубители на тој вид забава од сите делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На 80.000 метри квадратни од саемскиот центар „Портата Версај“ се собраа 166 фирми излагачи и повеќе од 3.000 претставници на тој сектор.
Посетителите имаа можност да се запознаат со сите новитети во областа на видео и компјутерски игри, а најголемото внимание на посетителите го привлече штандот „Плеј стејшн ВР“ со промоција на нови конзоли за игрите.
Претставени се и нови верзии на популантие игри „Кол оф Дјути“, „Батлфилд“ и „Снајпер 3“, а стотици гејмери учествуваа и на турнирите кои за време на саемот се одржуваат под назив „Е-спорт”.
Посетата на престижнот гејмерски саем во Париз голем број на посетители ја овековечија со фотографирање во костими и маски на популарните ликови од игрите.
Во костимот на Лара Крофт, хероина од играта “Tomb Rider“ заедно се фотографираа 270 љубители на видео играта, па така е соборен и тој несекојдневен Гинисов рекорд.
Саемот ќе биде отворен и утре, а организаторите очекуваат до крајот на саемот бројот на посетители да достигне и до 300.000.