Ekip
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Кина, најголемото дигитално општество на светот, доби 19,19 милиони нови корисници на интернет минатата година, со што бројот на кинески интернет-корисници се зголеми на 1,051 милијарда до јуни 2022 година, објавија денеска државните медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Според најновиот извештај на кинескиот информативен центар за интернет-мрежа, проширената 5Г-мрежа низ целата земја, која има околу 1,4 милијарди жители, придонесе за зголемување на бројот на корисници на интернет“, објави „Глобал тајмс“.
„Бројот на базни станици 5Г низ Кина е поголем од 1,85 милиони. Вкупниот број корисници на широкопојасен интернет на трите големи телекомуникациски компании е 563 милиони, што претставува зголемување за 27,05 милиони во споредба со крајот на 2021 година“, се вели во извештајот.
Се додава дека 99,6 отсто од корисниците на интернет користат мобилни телефони.
Заклучно со 2021 година, бројот на корисници на интернет во селата е зголемен за 1,2 отсто и изнесува 293 милиони.