Abdulkadir Günyol
22 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА)
- Абдулкадир ЃУНЈОЛ
Мобилните телефони, што почнаа да се користат во Турција прв пат пред 27 години, со технолошката трансформација што ја претрпеа станаа важни за корисниците во голем број области, како што се трговијата, образованието, здравството и забавата.
Според извештајот на „Digital Around the World“ пренесен од дописникот на АА, 5,22 милијарди луѓе односно 66 проценти од светската популација користат мобилни телефони.
Повеќе од 75 проценти користат нови модели на телефони кои се наречени „паметни телефони“.
Во Турција за прв пат мобилните телефони почнаа да се користат пред 27 години.
Турција, благодарение на телефоните во автомобилите во 1991 година, се сретна со „1G-технологија“.
Првиот повик со мобилните телефони започна 3 години подоцна на 23 февруари 1994 година, кога тогашната премиерка на Турција, Тансу Чилер, се јави на тогашниот претседател Сулејман Демирел.
Благодарение на технологијата „2G“, која овозможува повици, пренос на податоци и испраќање СМС, употребата на мобилните телефони забрзано се прошири во сите области од животот.
Секторот на телефонијата, која еволуираше од фиксна во мобилна, за 27 години заедно со новите технологии стана неопходен дел за корисниците.
- Првите телефони со камери на пазарот излегоа во 1999 година
Првите телефони со камера со фотографски и видеокарактеристики, комерцијално беа достапни во 1999 година.
Откако мобилните телефони почнаа да се користат и за фотографирање, се промени и перспективата за телефонот. Првите телефони со камера не ги задоволија своите корисници со квалитетот на фотографијата. Подоцна, со инвестициите направени по тоа прашање, мобилните телефони почнаа да нудат квалитетни фотографии близу до фотографиите на професионалните фотоапарати.
Фотографските и видеокарактеристики на телефоните одиграа важна улога во обликувањето на социјалните мрежи што се појавија подоцна.
- Од периодот на „титни“ до период на „постојан интернет“
Една од најголемите промени во историјата на мобилните телефони се случи со првиот модел на „ајфон“ произведен од „Епл“ во 2007 година.
Тој телефон се смета за пресвртница кај паметните телефони што ги користиме денес. Мобилниот телефон со својот екран на допир, оперативниот систем и едноставната употреба на интернет ги редефинираше стандардите во мобилните телефони.
Во раните години, мобилните телефони се издвојуваа со структурата на „копчиња“ и големите антени. Поради нивната висока цена се користеа само за говор или за праќање пораки кога беше потребно.
Во првите години мобилните телефони во комуникацијата се користеа како „титни ми“, но, со текот на времето, со новите функции како што се камера, интернет и апликациите за социјални медиуми, телефоните добија многу поинаков изглед од првичниот.
Бројот на корисници на мобилни телефони од ден на ден се зголемува, бидејќи на корисниците им овозможува да управуваат со многу трансакции, од купување до банкарски трансакции, од образование до службени обврски, и сето тоа на многу полесен начин.
„Тримесечниот извештај за секторот за електронски комуникации во Турција“, подготвен од Институцијата за информатички технологии и комуникации (BTK), го открива обемот на употребата на телефоните во Турција.
Според податоците, бројот на претплатници на мобилни телефони во Турција во третиот квартал од 2020 година се приближил до вкупното население во земјата, и изнесува 82,8 милиони корисници.
- Интернетот станува побрз, централната позиција на телефоните станува сè посилна
Откако пренесувањето податоци со мобилните телефони и употребата на широкопојасен интернет стана исто така важна, Турција во 2009 година премина во „3G-технологија“.
Со потребата за брз широкопојасен интернет, Турција на 1 април 2016 година премина во технологијата „4,5G“, која ја зголеми брзината на интернетот кај мобилните уреди за 10 пати.
Со развојот на интернет-опсегот и интернет-технологијата, паметните телефони станаа мозокот на другите паметни електрични уреди. Паметните системи во домовите може да се контролираат преку апликациите на телефоните. Многу уреди, како што се паметните часовници, роботските правосмукалки и паметните телевизори, може да се управуваат преку мобилните телефони.