Jeyhun Aliyev
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
КАЈСЕРИ (АА) - Пред речиси 8 милиони години, пет видови слонови, познати како претци на слоновите, живееле во денешна централна Турција.
Окшан Башоглу, професор по археологија на Универзитетот „Хаџи Бајрам Вели“ во Анкара, кој ги раководи ископувањата, за Агенција Анадолија истакна дека се откриени голем број на фосили на жирафи, елени и антилопи, како и пет различни видови слонови.
Нагласувајќи дека утврдено е дека фосилите се стари околу 7,5 до 8 милиони години, Башоглу рече дека истражувањата продолжуваат.
Истражувањата, иницирани од градската општина во турската област Кајсери во 2017 година, се спроведуваат на браната „Јамула“ на брегот на реката Кизилирмак, кога дозволуваат сезонските услови.
Фосилите кои припаѓаат на разни животни пронајдени во ископувањата, внимателно се чистат и чуваат од страна на археолозите во Научниот центар во Кајсери.
Башоглу истакна дека најинтересното парче меѓу пронајдените е комплетен фосил од череп на слон кој му припаѓа на видот Choerolophodon Pentelici, познат како предок на слоновите.
„Ова е единствениот откриен целосен примерок. Видот е исто така значаен. Тоа е редок вид во светот“, рече тој.