Ayşe Sarıoğlu
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (АА) – Ракетата „Фалкон 9“, на американската компанија „СпејсИкс“ успешно беше лансирана во вселенската орбита од вселенскиот центар Кенеди, со цел комуникацискиот сателит „Ехостар 23“ да го придвижи кон поголема височина во орбитата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата „СпејсИкс“, која произведува ракети и вселенски летала, изјавија дека на 14. март било откажано лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ поради силните ветрови, и оти два дена подоцна таа успешно е лансирана во вселената.
Ракетата „Фалкон 9“ е лансирана во вселената со мисија да го придвижи сателитот „Ехостар 23“, кој тежи 6 тона, кон поголема височина во орбитата. „Фалкон 9“ ќе го однесе сателитот на 35.900 километри над планетата Земја.
Сателитот за комуникации ќе биде поставен на 45 степени западно од екваторот, со цел да обезбедува ТВ-емитување, интернет и други комуникациски услуги во Бразил.
Беше планирано овој комуникациски сателит да биде сместен во орбитата кон крајот на 2016 година, меѓутоа на 1. септември минатата година, за време на тестирањето на „Фалкон 9“ во воздушната база на НАСА, „Кејп Канаверал“ се запали лансирната рампа. По оваа несреќа, компанијата „СпејсИкс“ ги прекина активностите, и по повеќе од 4 месеци во вселената успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9“, со цел да ги пренесе комуникациските сателити во Земјината орбита.