Şeyma Uzundere
29 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
АНКАРА
Американскиот производител на вселенски шатлови и ракети „Спејс екс“ (SpaceX) го лансираше својот шатл, со цел да ја снабди Меѓународната вселенска станица (ISS) и да ѝ достави некои прехранбени производи во вселената, известува Агенција Анадолија (АА).
Носејќи приближно 2,17 тони експериментални материјали и опрема, транспортниот шатл „Драгон“ беше лансиран од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида со ракета „Фалкон“.
Меѓу работите испратени во вселената има авокадо, лимони и сладолед, како и мравки и морски ракчиња што треба да се користат за експерименти.
Покрај тоа, за потребите на сателитот и за сервисирање, во вселената е испратена и роботска рака произведена од јапонската компанија „Гитаи инк“ (Gitai Inc).
Се очекува транспортниот шатл да пристигне на станицата в понеделник.
Лансирањето со цел снабдување на вселенската станица ќе биде 23-то патување на „Спејс екс“ за потребите на Американската воздухопловна агенција (НАСА).