Elena Teslova
10 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
МОСКВА (АА) - Руската вселенска корпорација (Роскосмос) пријави протекување во својот модул на Меѓународната вселенска станица, пренесува Анадолу.
„Се случи протекување на течноста за ладење од колото на резервниот радијатор на повеќенаменскиот лабораториски модул 'Наука'“, се вели во соопштението.
Главното коло за термичка контрола на модулот работи нормално, и обезбедува задоволителни услови во станбениот дел и нема опасност за екипажот и станицата, се додава во соопштението.