Tuba Onğun
09 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
АНКАРА (АА) – Туркије во јужната област Мерсин спроведе тестирање на своето површинско пловило без екипаж од домашно производство, „Албатрос“, опремено со муниција, пренесува Анадолу.
„За прв пат во светот беше извршен напад во рој со заедничка операција на површинско пловило без екипаж (USV) и беспилотно летало (UAV)“, соопшти Министерството преку платформата Х.
Туркије во јужната област Мерсин спроведе тестирање на своето површинско пловило без екипаж од домашно производство, „Албатрос“, опремено со муниција.
Носејќи боева глава произведена од Рокетсан, „Албатрос“ изврши напад на брод цел.
Како резултат на успешно завршеното пробно гаѓање, целниот брод долг 22 метри е потопен за неколку минути, соопшти Министерството.
Во тестирањето учествуваше и автохтоно произведеното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“