Meiramgul Kussainova
20 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
НУР СУЛТАН (АА) - Јапонскиот милијардер Маезава Јусаку и неговиот асистент Јозо Хирано по 12 дена поминати на Меѓународната вселенска станица (ISS) се вратија на Земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јусаку, асистентот и рускиот космонаут Александер Мисуркин со вселенското летало Сојуз МС-20 денес во утринските часови успешно слетаа во подрачјето југоисточно од Џазказган, во Казахстан.
Слетувањето во живо го пренесуваше Руската вселенска агенција (Роскосмос).
Тимот, по свеченото пречекување, беше префрлен во специјалниот центар во Москва каде ќе го помине процесот на рехабилитација.
Јусаку и асистентот на Меѓународната вселенска станица извршија низа претходно одредени испитувања. Покрај тоа, учествуваа во научното испитување „Лазма“ на руските научници, чија цел беше да се испита протокот на крвта во вселенска средина.
Ова воедно беше прва туристичка посета на Меѓународната вселенска станица од 2009 година.
Јапонскиот милијардер и асистент во вселената полетаа од вселенската база „Бајконур“ во Казахстан, на 8 декември.