Emre Aytekin
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Дел од ракетата на „Спејс икс“ (SpaceX), американскиот производител на ракети, сателити и вселенски капсули, падна во ненаселено подрачје во американската сојузна држава Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „The Tri-City Herald“ јави дека дел од ракетата „Фалкон 9“, лансирана на 4 март, паднал на земјоделско земјиште во Вашингтон.
Металниот дел е долг околу 1,5 метри, а станува збор за втора фаза на одвојување на ракетата за време на нејзиното враќање на Земјата.
Локалните власти стапија во контакт со компанијата и потврдиле дека станува збор за дел од ракетата на „Спејс икс“.
„Спејс икс“ лансираше 60 сателити, кои се дел од сателитската мрежа Старлинк, со ракетата „Фалкон 9“ на 4 март од Вселенскиот центар „Кенеди“ во сојузната држава Флорида.