Hülya Ömür Uylaş
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот сателитски оператор Турксат се приклучи на Меѓународната астронаутска федерација (IAF), откако неговото членство беше едногласно одобрено, соопшти денес компанијата, јавува Анадолу.
Да се стане член на Меѓународната астронаутска федерација, основана во 1951 година како една од водечките вселенски и одбранбени организации во индустријата, е важно, особено во смисла на зголемување на меѓународната соработка, се вели во соопштението на Турксат.
Хасан Хусеин Ерток, генералниот директор на Турксат, присуствува на состанокот на Федерацијата, што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку, од 2 и 6 октомври.
Генералното собрание на Меѓународната астронаутска федерација, една од најголемите светски вселенски организации со 513 членови во 77 земји, е домаќин на вселенски агенции, компании, истражувачки институции и институти.