Furkan Abdula
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
ГАЗИАНТЕП (АА)
Музејот на мозаици Зеугма се наоѓа во турската област Газиантеп, и е домаќин на уникатни мозаици од различни ери, јавува Анадолу.
Музејот Зеугма, кој е еден од најголемите музеи во светот, е домаќин на уникатни мозаици, слики и статуи од римската и византиската ера.
Во музејот, кој се простира на околу 30.000 метри квадратни, посетителите имаат можност да видат голем број фасцинантни антички мозаици, меѓу кои се издвојуваат „Посејдон“, „Циганка“ и „Дионис“. Најпознат меѓу нив стана мозаикот „Циганка“.

Карактеристика на овој мозаик е тоа што очите на девојката го „следат“ набљудувачот од која било точка да гледа благодарение на специјалната техника на неговата изработка, што ги направи очите на девојката на мозаикот многу реалистични.
Освен тоа, во музејот може да се видат статуи на римски божества, фонтани од римскиот период откриени во вили на брегот на Еуфрат, кои всушност го сочинуваат овој уникатен музеј. Воедно, нуди можност за дополнително запознавање со античките култури кои оставиле свој белег низ историјата.

Отворен во 2011 година, Музејот на мозаици Зеугма ги доби Големите претседателски награди за култура и уметност на Туркије во 2012 година.
Бројни домашни и странски посетители го посетуваат овој музеј.

Зеугма, антички град со истото име лоциран покрај реката Еуфрат, зазема важно место во античкиот период.
Ископувањата во областа започнаа во 1980-тите, а античките мозаици, кои во тој период се користеа за украсување на градските патишта, вили и дворови, претставуваат исклучително вредно културно наследство.