Yunus Girgin
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Турција денес го претстави прототипот на своето прво вооружено поморско пловило без екипаж, јавува Агенција Анадолија (АА).
Утку Аланч, извршниот директор на бродоградилиштето „Арес“, кои го развија пловилото наречено СИДА заедно со „Метексан“ со седиште во Анкара, изјави дека тоа треба да исплови кон крајот на овој месец.
„Во март ќе бидат спроведени тестовите за истрелување со водени ракети од турскиот производител на ракети Рокетсан“, изјави Аланч за АА.
Пловилото СИДА, прво од сериите за беспилотни бродови на Арес и Метексан, има опсег на движење, во однос на горивото, од 400 километри и максимална брзина од 65 километри на час, како и автохтони шифрирани комуникации и можности за дневно и ноќно гледање.
„Бродот беше дизајниран првенствено да биде распореден во Егејското и Средоземното Море“, рече Аланч, додавајќи дека пловилото може да служи и во разузнавачки мисии.
Од друга страна, Ердал Торун, потпретседател на „Метексан“, рече дека во него има и команден и контролен систем, што овозможува сите негови движења да се контролираат и управуваат од далечина.
„СИДА е произведен за да биде отпорен на електронско војување. Оваа платформа исто така ќе има опрема против ГПС-системите“, додаде тој.
„Рокетсан“ е основана во 1988 година за да дизајнира, развива и произведува ракети и проектили.