Can Erözden
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турција ќе ги претстави своите два нови проектила на денешниот меѓународен саем за одбрана во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за AA турскиот министер за наука, индустрија и технологија, Фарук Oзлу, истакна дека проектилите „Gokdogan“ и „Bozdogan“ ќе бидат претставени на 13. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF) кој од денес ќе одржува од денес сѐ до 12 мај.
Проектилите се развиени од страна на Институтот за истражувања и развој на одбранбената индустрија (SAGE), подружница на Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (TUBITAK).
Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) се одржува секои две години уште од 1993 година во Турција, на којшто учествуваат претставници на владиниот и бизнис секторот ширум светот.
Четиридневниот настан ќе се одржи под покровителство на Претседателството на Република Турцијa, а за менаџирањето на саемот одговорна е Фондацијата на Турските вооружени сили. Домаќин на Саемот е Министерството за национална одбрана на Турција.
За време на саемот за висока технологија во одбранбената индустрија, своите најнови возила, опрема и системи кои се користат во одбраната, во безбедноста, во поморството, авијацијата и вселенската индустрија, ќе ги претстават скоро 800 компании од над 50 земји во светот.
Покрај тоа, саемот ќе биде домаќин на 493 високи странски делегати, вклучувајќи министри, заменици-министри, началници на Генералштаби, воени команданти и официјални лица од одбраната од 76 земји и меѓународни институции.
Се очекува на ИДЕФ 2017 да се реализираат над 2.000 претходно договорени состаноци и да се потпишат низа договори.