Gökhan Ergöçün
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Водечкиот турски производител на беспилотни летала „Бајкар“ успешно го тестира новиот модел на борбен авион „Бајрактар Акинџи Б“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бајрактар Акинџи Б се искачи на небото“, напиша „Бајкар“ на Твитер.
Додека претходниот модел, „Акинџи“, има 900 коњски сили (КС), новиот модел има 1.500 коњски сили преку два мотори од по 750 коњски сили.
Пробниот лет траеше час и 16 минути, а успешно беа тестирани аеродинамичките параметри на леталото.

Главниот технолошки службеник „Бајкар“ Селџук Бајрактар изјави дека „Акинџи Б“ е најмоќното и борбено способно вооружено беспилотно летало во својата класа на светот.
Извршниот директор на компанијата, Халук Бајрактар, рече дека „Бајкар“ ги завршил извозните договори со двете земји за новиот модел.
„По Акинџи Б, наскоро на небото ќе се најде и Акинџи Ц со 1.900 коњски сили“, најави Бајрактар.
Станува збор за проект за развој на беспилотни летала, кој се спроведува под раководство на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција. Развојот и производството на авиони се засноваат на домашните турски ресурси.