Gözde Bayar
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Tурција спроведе успешно тестно лансирање на првата крстосувачка ракета од домашно производство лансирана од море, соопшти денес челникот на турското Претседателство за одбранбени индустрии, Исмаил Демир, јавува Anadolu Agency (AA).
„Атмаџа (Atmaca) е лансирана од воениот брод „Киналиада“, четврта антиподморничка корвета од Ада-класата произведена во рамките на турската национална програма за воени бродови“, изјави Демир.
Произведена од производителот на ракети „Рокетсан“ (Roketsan), „Атмаџа“ се очекува да влезе во инвентарот на Турската војска во втората половина на 2020 година.
Крстосувачката ракета во инвентарот ќе ја замени американската ракета „Харпун“.
Според „Рокетсан“, ракетата „Атмаџа“ се карактеризира со висока прецизност, долг дострел, лансирање од површина до површина, прецизно пресретнување антибродски проектили, погодна за интегрирање на патролни чамци, фрегати и на корвети.
Антибродската ракета е водоотпорна и издржлива на преземени контрамерки.
„Атмаџа“ е водена ракета со дострел од над 200 километри, што претставува закана за цели надвор од границата на видното поле.
Ракетата, исто така, обезбедува ажурирање за целта, повторен напад и можност за прекин на операцијата преку современа и развиена врска на податоци.