Emre Aytekin
27 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Јапонија лансираше разузнавачки сателит опремен со оптика во вселената, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според јапонската новинска агенција „Кјодо“, сателитот кој е заедничко производство на Јапонската вселенска агенција за истражување JAXA и „Mицубиши“, е лансиран со ракета од тип Х-2А од вселенскиот центар „Танегашима“, во јужниот дел на земјата.
Седмиот разузнавачки сателит на Јапонија е пратен во орбитата.
Јапонската влада има за цел да го зголеми бројот на разузнавачки сателити на десет. Сателитите се опремени со оптички уреди и радари, кои се наменети за истражување на орбитата.
Сателитите што се опремени со радар можат да снимаат слики од целиот свет во текот на ноќта и во облачно време, без да бидат под влијание на временските услови во атмосферата, додека оние со оптичка опрема собираат слики исто како што ги гледа човечкото око.
Јапонската влада јавно не објавува слики добиени од сателитите, освен оние за природните катастрофи. Дури во случај на катастрофа, сликите се споделуваат со јавноста со намалена резолуција за да не може да се открие капацитетот на сателитите за снимање на сликата.