Zehra Ulucak
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
ТОКИО (АА) - Јапонија ќе создаде свој глобален систем за позиционирање (ГПС), со цел да се намалат грешките во позиционирањето на возачите, операторите на беспилотни летала како и на другите корисници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на јапонската Агенција за вселенско истражување, од вселенскиот центар „Танегашима“, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, успешно е лансирана ракетата што го транспортира сателитот кој е дел од јапонскиот ГПС, „Мичибики“.
Според некои процени, со системот „Мичибики“ се очекува да се намалат грешките во позиционирањето од 10 метри до неколку сантиметри, а се очекува и земјата да го зголеми одбранбениот капацитет.
Благодарение на „Мичибики“, Јапонија ќе обезбеди поточни информации и за возачите, и за операторите на беспилотни летала.
Јапонија моментално го користи глобалниот систем за позиционирање на Соединетите Американски Држави (САД), а во 2010 година го лансираше сателитот како почеток на регионалниот навигациски сателитски систем „Мичибики“.
Јапонската Агенција за вселенско истражување и „Mitsubishi Heavy Industries“ до наредната пролет планираат да лансираат уште два сателита за да се комплетира системот „Мичибики“.