Ahmet Furkan Mercan
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
ТОКИО
Здравствените работници во Јапонија развија вакцина за борба против „зомби-клетките“ што се појавуваат со стареењето и ги оштетуваат околните клетки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Експертскиот тим предводен д-р Минамино Тору, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот „Џунтендо“, произведе вакцина против „зомби-клетките“.
Екипата што ја тестираше вакцината кај експерименталните глувци, соопшти дека кај глувците како резултат на вакцината бројот на зомби-клетки е намален.
Во однос на вакцината што е тестирана?, Тору рече: „Можно е вакцината да се користи против дијабетес, артериосклероза, Алцхајмерова болест, остеоартритис на коленото, белодробна фиброза и други болести поврзани со стареењето.“
Наодите од работата на екипата се објавени во списанието „Nature Aging“.
„Зомби-клетките“ што се појавуваат со стареењето се познати како клетки што одбиваат да се делат.
Овие клетки „што не умираат“ ги оштетуваат здравите клетки околу нив преку хемикалијата што ја лачат.