Nuri Aydın
15 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
АНКАРА (АА) - Јужна Кореја ќе ја изгради најголемата фабрика за производство на чипови во светот, пренесува Анадолу.
Според веста на новинската агенција „Yonhap“, фабриката за која станува збор ќе биде изградена во подрачјето на Gyeonggi, кое се наоѓа во северозападниот дел на земјата.
Во соопштението на Министерството за индустрија, трговија и енергетика на оваа земја се наведува дека во рамките на проектот ќе се реализира инвестиција од 229,8 милијарди долари.
Се истакнува дека во оваа фабрика, која се планира да почне со работа во 2042 година, покрај чипови, ќе се произведуваат и разни опреми, како екрани, батерии и роботи.
Чиповите што се наоѓаат во сите уреди, како паметни телефони, компјутери, телевизии, возила, бела техника и апарати за домаќинство, се еден од најважните компоненти на технолошките производи.